Победа против Словенија за Олимпијада

27.01.2012 12:02 | KumanovoNews

Ракометарите на Македонија денеска во 15:15 го играат последниот натпревар на Европското првенство во Србија. Со победа над Словенија нашите ракометари ќе завршат на петтото место и ќе обезбедат пласман за кавалификациите за Олимписките игри во Лондон.

Победа против Словенија за Олимпијада

После Македонија, Словенија е сигурно најголемото изненадување на првенството. Тие успејаа да завршат во група пред велесили како Франција, Унгарија и Исланд, што е показател дека денеска нема да има лесен меч.

Нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров треба да постигне пет гола за да влезе во историјата како најдобар стрелец на едно ЕП досега, а како што изјавува тој, уривање на рекордот би бил подраг доколку ја победиме Словенија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk