Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женскиот младински состав на ракометниот клуб Куманово, на гостински терен ја совлада екипата на Металург со резултат 21:15.
Првото коло од младинското натпреварување, ракометарките на Куманово го отворија со победа на гостински терен и нови 3 поени на табелата.
За тоа дека бевме убедливо подобри од противникот говори и самиот резултат. Денес покажавме добра игра и не го потценивме противникот. По оваа победа сме мотивирани уште повеќе и со нови сили и напорна работа продолжуваме понатаму по уште победи и нови поени, за да докажеме дека во Куманово има таленти кои вистински ги бранат боите на градот-изјавија од клубот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk