Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 6 Август во почина најуспешниот кумановски атлетичар Јонуз Јонузи. По краткотрајно боледување тој почина во Оснабруг - Германија, каде живееше подолго од 15 години.
Својата кариера ја започнал во атлетскиот клуб Куманово, а потоа преку Електроекономија да стигне во белградски Партизан. 1989 се сели во Женева, а за 6 години во Германија.
Како негови позначајни резултати можат да се забележат, Јуниорски шампион (1981) во дисциплината 800, 1500, 3000 метри, Шампион на Југославија на 1500 метри (1982) а подоцна триумфирал на Олимпијадата во Фоџa, Италија (1982).
Во неговите сениорски настапи, доминира во маратонот, каде во средината на осумдесетите победува во Чачак, Марибор, Крагуевац, Светозарево и станува шампион на Србија, а подоцна победува и на Белградскиот крос.
Јонуз Јонузи беше погребан во недела во Куманово, со присуство на граѓани, новинари и спортски активисти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk