Почна државното училишно првенство во атлетика

18.05.2012 08:45 | KumanovoNews

 Средното техничко училиште “Наце Буѓони“ годинава е домаќин на државниот натпревар во атлетика. Ќе се натпреваруваат 27 екипи од основните училишта од Македонија.

Почна државното училишно првенство во атлетика

Во женска и машка конкуренција ќе има трки на 100, 300, 800 и 4 пати по 100 метри. Основците ќе се натпреваруваат и во фрлање на ѓуле. На натпреварот има гости од Струмица, Скопје, Свети Николе, Богданци, Дојран, Радовиш, Кавадарци, Делчево, Македонска Каменица и други. Од Куманово има четири екипи и тоа од ОУ“Толи Зордумис“, ОУ“Вук Караџиќ“, ОУ“Крсте Мисирков“ и ОУ“Браќа Миладиновци“.

По два часа се очекува прогласувањето на победниците. Најдобрите од сите категории ќе добијат медали. Организатор е Сојузот на училишен спорт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk