Почнува Балканското првенство за ракометарки

20.04.2011 15:27 | KumanovoNews

 Во организација на Ракометната федерација на Македонија денеска и утре во Скопје ќе се одржи Балканското првенство во ракомет за жени на кое покрај домашната селекција ќе настапат и репрезентациите на Црна Гора, Турција и Бугарија

 
Почнува Балканското првенство за ракометарки

Натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале а за денеска се планирани дуелите Црна Гора - Турција (почеток 18 часот) и Македонија - Бугарија (почеток 20 часот).

Селекторот на македонската репрезентација освен повредената Јулија Портјанко на располагање ќе ги има сите други повикани ракометарки.

Натпреварот за третото место е предвиден за утре со почеток во 18 часот а во него ќе играат поразените репрезентации од денешните мечеви, додека победниците утревечер од 20 часот ќе играат за првото место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk