Пол со звукот на сирената погоди за победа на „Клиперси“

23.04.2013 08:21 | KumanovoNews

Екипата на Лос Анџелес Клиперс ја сочува предноста на домашен терен откако ноќеска го победи Мемфис со 93:91.

Пол со звукот на сирената погоди за победа на „Клиперси“

Најзаслужен за триумфот беше Крис Пол, кој постигна 24 поени заедно со решавачкиот на една секунда до крајот на натпреварот.

Првата гостинска победа во НБА плеј-офот ја оствари Чикаго, со триумфот над Бруклин од 90:82.

Пет играчи кај „биковите“ имаа двоцифрен ефект, а сите девет кои играа се запишаа во листата на стрелците.

Бруклин покрај слабата трета четвртина која ја загубија со (11:22) имаа слаба реализација од рекетот, каде реализираа 15 од 36-те шутеви.

Вечерва се играат три натпревари: Мајами – Милвоки (1-0 во победи), Њујорк – Бостон (1-0) и Денвер – Голден Стејт (1-0).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk