Полицијата спречи инцидент на фудбалскиот натпревар ГФК Куманово - Шкендија Арачиново

09.10.2023 17:53 | Стефан Николиќ

На вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Градскиот фудбалски клуб Куманово и екипата на Шкендија Арачиново, кумановската полиција спречи  инцидент меѓу навивачите.

Полицијата спречи инцидент на фудбалскиот натпревар ГФК Куманово - Шкендија Арачиново

„Вчера во периодот од 10.00 до 14.00 часот на стадионот во селото Доброшане, кумановско, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Куманово 2012 и ФК Шкендија, надвор од стадионот настанала вербална расправија помеѓу навивачите на двата клуба. Со навремена интервеција, полициските службеници од СВР Куманово ја прекинале расправијата и спречиле инцидент “, соопшти СВР Куманово.

Инцидентот бил предизвикан по вториот погодок на домашната екипа на ГФК Куманово. Незадоволни од резултатот, навивачите на Шкендија тргнале да се пресметаат, но со брза интервенција на полицијата бил спречен поголем судир меѓу навивачките групи.

Конечниот резултат од натпреварот меѓу ГФК Куманово и ФК Шкендија АД е 2:1.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk