Поради Надал и Ѓоковиќ „Ролан Гарос“ ги менува правилата

24.04.2013 08:08 | KumanovoNews

Организаторите на „Ролан Гарос“ ќе ги сменат правилата за Ѓоковиќ и Надал да не можат да се сретнат уште во првите кола од турнирот.

Поради Надал и Ѓоковиќ „Ролан Гарос“ ги менува правилата

Поради седум месечната пауза, Надал на „Ролан Гарос“ ќе биде петти носител и можно е според ждрепката  да игра со Ѓоковиќ уште во четвртфиналето. Организаторите не сакаат тоа да се случи, па била донесена одлука да се смени контрукцијата на ждрепката и Надал да биде промовиран во втор носител, како награда за досегашните заслуги и освоени трофеи на „Ролан Гарос“.

Ваквиот потег ги става во нерамноправна улога Федерер, Мареј и  Давид Ферер, кои би можеле во четвртфиналето да играат против Ѓоковиќ или Надал.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk