Порака на Турнир во мал фудбал во Прилеп

17.06.2010 15:08 | KumanovoNews

 Штитениците  на дневниот центар „Порака„, деновиве учествуваа на фудбалски турнир во Прилеп за учесници со посебни потреби. Турнирот беше во организација на ФФМ, градоначалникот на Прилеп и А1 телевизија.

Порака на Турнир во мал фудбал во Прилеп

 Претставниците од Порака се задоволни од постигнатите резултати на натпреварувањето.

Децата се дружеа и забавуваа, а постигнаа и резултати на кои се горди. Драго ни е што бевме дел од оваа спортската манифестација-велат од Порака.

Дневниот центар Порака и во текот на летото ќе продолжи со своите спортски и културни активности што се предвидени со програмата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk