Пораз на ракометарите од Тинекс Пролет

13.11.2011 20:52 | KumanovoNews

Ракометарите на Тинекс Пролет беа поуспешни во неизвесниот меч кој се одигра во Спортската сала во Куманово и на крај славеа со резултат 20:21.

Пораз на ракометарите од Тинекс Пролет

Во текот на првото полувреме се водеше мртва трка, па резултатот во првиот период беше 9:9. Ракометарите на Куманово во вториот дел успејаа да поведат со резултат 16:12, но противникот брзо реагираше, па дојде до ново изедначување 17:17. Двете изгубени топки при крајот на мечот скапо не чинеа, па Тинекс Пролет славеше со резултат 20:21.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk