Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бранителот на светскиот трон Шпанија, со пораз ја започна настапот на Светското првенство во Турција. И покрај водството од 18:9 во првата четвртина, французите не се одкажаа и на крајот издвојуваа победа од 72:66. Најефикасен беже Желабал со 16, Батум со 14, а кај шпанците Наваро со 17 поени.
Кошаркарите на Србија ја декласираа Ангола во првиот меч со педесет поени разлика, 94:44. Десеторката на Србија беше убедлива во текот на целиот меч и не дозволи осцилации во играта. Карактеристично беше што настапија сите 10 играчи, со минутажа помеѓу 16 и 22 минути, па остварија 49 скокови и 26 асистенции. Најефкиасен беше Рашиќ со 22 поени, и 6-7 шут за 3 поени. Сепак вистинскиот тест за оваа репрезентација ќе биде денешниот дуел со Германија.
Во останатите дуели, САД ја победи Хрватска со 106:78, Словенија беше поуспешна од Тунис до 80:56, Бразил го совлада Иран со 81:65, Нов Зеланд - Литванија 79:92, Либан - Канада 81:71, Австралија - Јордан 76:75, Германија - Аргентина 74:78, Грција - Кина 89:81, Русија - Порторико 75:66, Брегот на Слонова Коска - Турција 47:86.
Денеска на програмата од 15:30 играат Литванија - Канада, Кина - БСК, Словенија - САД, Јордан - Ангола, од 17:30 Порторико - Грција, Либан - Франција, од 18:00 Хрватска - Иран, Германија - Србија, од 20:00 Турција - Русија, Шпанија - Нов Зеланд, и од 20:30 Бразил - Тунис, Аргентина - Австралија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk