Пораз од Работнички

06.10.2010 00:31 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово загубија во пријателскиот натпревар што се одигра вчера, од тимот на Работнички со резултат 78:68.

Пораз од Работнички

Пријателската средба беше искористена за воигрување на тимовите, и проверка на играчите кои се најавени како засилувања. Новиот играч од Србија, Ратко Петриќ кој потпиша едногодишен договор, имаше одличен настап со постигнати 18 поени, како и Калов со 15. Кај гостите најдобри беа Симиќ и Мираковски со 18, како и Стефанов со 15. Лесна повреда на скочниот зглоб доби Мираковски, кој беше повлечен на средината од мечот.

Кошаркарското првенство започнува на 9. Октомври, кога кумановчани гостуваат на Овче Поле.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk