Последен домашен натпревар на кошаркарите оваа сезона

20.05.2022 09:46 | KumanovoNews

Екипата на Куманово во сабота го игра последниот натпревар за оваа сезона а противник е екипата на Работнички.

Последен домашен натпревар на кошаркарите оваа сезона

Учеството во најквалитетното натпреварување за следната година е обезбедено, така да преостанува само формално завршување на оваа турбулентна сезона. Пред неколку сезони овие противници се среќаваа во Плеј-оф и беа претенденти за титула, меѓутоа оваа сезона двата клуба се соочија со многу проблеми, имаат сезона за заборав и се надеваме дека следната сезона ќе ги гледаме во подобро издание. Минатото коло, Куманово победи против ФМП Академија со резултат 75-109, додека тимот на Игор Михајловски загуби од Ангели со резултат 62-76. 


Натпреварот се игра во сабота во салата на економското училиште со почеток во 18 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk