Последна победа на ракометарите

24.05.2012 20:16 | KumanovoNews

Денес ракометарите на Куманово за последен пат од оваа сезона играа на домашен терен  и успејаа да издвојуваат победа против екипата на Овче Поле со резултат 27:24.

Последна победа на ракометарите

На полувреме резултатот беше 13:14.

Целата игра од плеј-оф натпреварот помеѓу домаќинот и екипата на Овче Поле беше неизвесна до крајот. Во текот на натпреварот играта многу пати беше прекината поради инциденти како од публиката, така и од гостинската екипа која беа незадоволна од судењето. Пет минути пред крајот на првото полувреме имаше и физички дуел помеѓу делегатот на натпреварот и тренерот на гостинската екипа, по што следуваше нов прекин на натпреварот, а гостите од Овче Поле сакаа да се пресметаат и со публиката на натпреварот. Сето тоа резултираше со тоа што играчите и од двете екипи се однесуваа неспортски изнудувајки многу исклучувања, црвени картони и опомени за тренерите на двете екипи.

Со овој последен натпревар на домашен терен нашите ракометари цврсто застанаа на третото место од плеј-оф листата и заслужено излегуваат на европски терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk