Последнопласираниот Бест гостува во Куманово

18.03.2016 11:07 | KumanovoNews

Екипата што сеуште нема победа во Првата кошаркарска лига, тимот на Бест утре гостува во Спортската сала и ќе игра против тимот на Куманово.

Последнопласираниот Бест гостува во Куманово

Вториот тим од Гевгелија кој игра со домашни кошаркари без многу странци во тимот сеуште ја бара првата шанса за победа во домашното првенство. Кога сме кај странците, Бест дефинитивно во своите редови го има еден најдобрите странци оваа сезона во домашното првенсто, а тоа е Тај Харис кој во минатото гостување во Куманово постигна 30 поени 8 скока и 4 асистенции.

Куманово како претенденд за полуфинале од Плеј-оф не би требало да ја доведе во прашање победата на овој натпревар.

Едноставно разликата во квалитет е голема и не би требало да имаме изненадување во Спортската сала.

Натпреварот се игра во сабота со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk