Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во Нион беше одржана ждрепката за одредување на четвртфиналните парови во Лигата на шампионите. Финалето ќе се одигра на 22 мај на стадионот на мадридскиот Реал, Сантијаго Бернабе.
Дерби натпревар во оваа рунда ќе бидат натпреварите помеѓу Арсенал и Барселона, кои играа финале во лигата на Шампионите 2006 година. Англискиот првак Баерн Минхен ќе го дочека Манчестер Јунајтед, а овие два клуба имаат интересни дуели низ фудбалската историја. Ждребката одлучи и да има француска пресметка, така да во четвртфинале се среќаваат Лион и Бордо. Во последниот четвртфинален дуел се среќаваат Интер и ЦСКА.
Победникот од двомечот Баерн - Манчестер ќе вкрсти со подобриот од натпреварот Лион - Бордо, а во второто полуфинале подобрите од дуелот Интер - ЦСКА ќе ги одмери силите против Арсенал - Барселона.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk