Познати термините на Евробаскет 2013

26.02.2013 09:42 | KumanovoNews

Организаторот на Европското првенство во кошарка што ќе се одржи од 4 до 22 септември во Словенија го одреди термините на одигрувањето на сите натпревари.

Познати термините на Евробаскет 2013

Македонската селекција, која се натпреварува во Б групата настапот на шампионатот го почнува на четврти септември против Црна Гора, а натпреварот стартува во 17 часот и 45 минути.

Следниот ден се среќаваме со Литванија, а почетокот е закажан за 21 часот. Во истиот термин играме и на 6 септември кога не очекува селекцијата на Србија, а по еден ден пауза следува дуелот со Босна и Херцеговина, а стартот е во 14 часот и 30 минути.

Во последното коло играме против Летонија, а терминот на почетокот е 14 часот и 30 минути.

Евробаскет 2013 - распоред на натпревари

Б група (Јесенице)

1. коло (04.09.2013)

Летонија - Босна и Херцеговина    14:30

Македонија - Црна Гора    17:45

Србија - Литванија    21:00

2. коло (05.09.2013)

Црна Гора - Летонија    14:30

Босна и Херцеговина - Србија    17:45

Литванија - МАКЕДОНИЈА    21:00

3. коло (06.09.2013)

Црна Гора - Босна и Херцеговина    14:30

Летонија - Литванија    17:45

Македонија - Србија    21:00

4. коло (08.09.2013)

Босна и Херцеговина - Македонија    14:30

Србија - Летонија    17:45

Литванија - Црна Гора    21:00

5. коло (09.09.2013)

Летонија - Македонија    14:30

Литванија - Босна и Херцеговина    17:45

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk