Прекинат телевизискиот пренос на кошаркарскиот натпревар во Куманово

02.11.2011 18:40 | KumanovoNews

 Телевизијата Канал 5, попладнево го прекина директниот пренос од натпреварот Куманово-Работнички, поради тоа што немало технички услови за емитување на истиот.

Прекинат телевизискиот пренос на кошаркарскиот натпревар во Куманово

 Како што објави телевизискиот коментатор, навивачката група Кумани не прифатила да ги тргне знамињата на една од трибините кои покривале дел од камерите и попречувале нормално да се следи играта на целиот терен.

Телевизискиот пренос беше прекинат пред втората четвртина, при водство на Куманово од неколку коша, поради што љубителите на кошарката што го следеа натпреварот на тв приемниците беа разочарани што неможат да го видат понатамошниот тек на играта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk