Претпоследен натпревар на ракометарките против Металург

09.05.2012 13:31 | KumanovoNews

Утре во 18.30 часот во Спортската сала Куманово и Металург Скопје ќе играат во 9-тото коло од плеј-оф натпреварите.

Претпоследен натпревар на ракометарките против Металург

Оваа подеба над Металург за нашите ракометарки е од особено значење бидејќи гостинската екипа ни е директен конкурент за цврсто да застанеме на 5-тото место и со тоа да излеземе на европски терен. Против екипата на Металург Скопје на гостински терен бевме совладани само со еден гол разлика, што значи дека шансите да победиме на домашен терен се мошне големи - вели Габриела Трајковска, капитен на екипата.

Таа ги повика сите верни навивачи да дојдат на натпреварот и да уживаат во уште една прекрасна игра на ракометарките.

Последниот натпревар ракометарките на Куманово го играат на гостински терен против екипата на Жито Прилеп.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk