Пријателски натпревар помеѓу РК Куманово и Египет

28.11.2011 10:57 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово денеска ќе одиграат пријателски натпревар против репрезентацијата на Египет. Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ „Перо Наков“, а ќе започне во 19ч.

Пријателски натпревар помеѓу РК Куманово и Египет

Во последниот натпревар од првенството, ракометарите беа поуспешни од Борец од Велес со резултат 21:25. На тој натпревар судиите при досуден пенал беа нападнати од страна на публиката по што натпреварот беше прекинат, а Куманово обезбеди нови 3 бода.

На натпреварот против Египет ќе бидне промовиран новиот тренер на клубот, а се работи за познато име во македонскиот ракомет. Досегашниот тренер Ристо Трпчевски - Буцо го напушти тимот и замина во Иран, каде и порано има тренирано ракометен клуб.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk