Примера: Продолжува трката меѓу Барса и Реал

21.03.2011 10:57 | KumanovoNews

 И по одигрувањето на 29-коло во Шпанското фудбалско првенство, екипите на Барселона и на Реал Мадрид ја продолжуваат трката за шампионскиот трофеј

 
Примера: Продолжува трката меѓу Барса и Реал

Колото беше заокружено со натпреварот одигран синоќа на „Местаља’’ во Валенсија каде истоимената екипа загуби од Севиља со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Иван Ракитиќ во 70-минута.

На останатите вчерашни натпревари: Спортинг Хихон - Алмерија 1:0, Херкулес – Осасуна 0:4, Расинг Сантандер - Р. Сосиедад 2:1, Малага – Еспањол 2:0, Депортиво – Леванте 0:1 и Атлетик Билбао – Виљареал 0:1.

Ден порано своите средби ги одиграа главните фаворити Барселона и Реал, кои очекувано стигнаа до нови три бода. Барселона го совлада Хетафе со 2:1, а Реал како гостин беше подобар од градскиот ривал Атлетико со 2:1 и во последниот натпревар Мајорка со 1:0 славеше во дуелот со Реал Сарагоса.

Табела: Барселона 78 бодови, Реал Мадрид 73, Виљареал 54, Валенсија 54, Еспањол 43, Атлетик Билбао 42, Севиља 42, Атлетико Мадрид 39 ...(кирилица)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk