Признанија за Мојсовски, Лазаров, Наковска-Бикова

19.02.2013 10:33 | KumanovoNews

Најдобриот спортист на Македонија, ракометарот на Металург и на македонската репрезентација Наумче Мојсовски, се закити со уште едно признание откако беше прогласен за најдобар спортист на Македонија од своите колеги-спортисти на Македонија на традиционалниот избор „Асовите избираат асови“

Признанија за Мојсовски, Лазаров, Наковска-Бикова

Во конкуренција на суперспортист наградата му припадна на Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Атлетико Мадрид. Признанието ас на годината го доби параолимпијката Оливера Наковска-Бикова, која на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал.

Најдобар млад спортист за 2012 година е ракометарот на Металург, Дејан Манасков, најдобар тренер е Лино Червар, како тренер на РК Металург, а најдобар селектор Бранимир Јовановски, тренер на Оливера Наковска-Бикова.

За репрезентативните успеси беа наградени машката и женската ракометна репрезентација, а за екипните успеси признанијата ги понесоа ракометарите и ракометарките на Металург.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk