Продолжува ракометната Лига на шампиони

08.02.2013 11:17 | KumanovoNews

Со трите натпревари од 8-то коло одиграни синоќа продолжија возбудувањата во ракометната Лига на Шампиони.

Продолжува ракометната Лига на шампиони

Рускиот шампион Чеховски Медведи и германскиот Хамбург одиграа нерешено 29:29, додека во вториот дуел од групата А ракометарите на Флензбург го победија Партизан со 31:23.

Третиот натпревар синоќа се одигра во Д групата каде Кадетен Шафхаузен го победи ПИК Сегед со 36:29.

Другите натпревари од ова коло ќе се одиграат во текот на викендот, а македонскиот првак Металург утре гостува кај Горење во Словенија.

А група: Чеховски Медведи 12 бодови, Фленсбург 12, Хамбург 12, Монпеље 5, Адемар 3, Партизан 2.

Д група: Барселона 14, Берлин 10, Динамо Минск 9, Кадетен Шафхаузен 4, ПИК Сегед 4, Загреб КО 3.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk