Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во недела на авто патеката кај манастирот Забел ќе се одржи пролетна мото-трка, која ја организира општината Старо Нагоричане, мото-крос федерацијата на Македонија и мото-крос клубот „Вардар„ од Скопје.
Со оваа трка сакаме на нашите жители, гости и љубители на мото-трките да им приредиме едно нескоијдневно спортско доживување, и да покажеме дека и малите општини можат да работата на развојот на спортот, а особено на мото-кросот. Нашата патека кај манастирот Забел е прогласена за една од најдобрите во Македонија, но ние постојано работиме на нејзино подобрување за да учесниците имаат добри услови и уживање- рече градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
На трката ќе учествуваат над 25 возачи во три класи, од повеќе мото-клубови од државата, а има најава и од Косово и Бугарија.
Оваа година патеката е најдобро подготвена, од досегашните пет натпреварувања. Од сега шампионатот на Македонија ќе се отвара овде на Забел, а покрај пролетната трка останува и традиционалната што се одржува на 28 август. Оваа година имаме најава за учество и од кумановски возачи - рече Васил Николовски, претседател на мото-крос федерацијата.
Трката започнува во 11 часот. На спортската манифестација се најавени гости од збратимените општини Крушевац, Вождовац, Горњи Милановац, Србија, како и Ќустендил од Бугарија.
Градоначалникот, кој е водено покровител на манифестацијата ги повика сите жители на неговата општина и соседните, да дојдат и заедно да го проследат ова спортско натпреварување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk