Прва победа на ракометарите

19.10.2015 10:18 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово ја забележаа првата победа во новата сезона. Екипата на Метрополис доживеја убедлив пораз со резултат 30:23.

Прва победа на ракометарите

Куманово имаше лош старт на натпреварот, и тимот на Метрополис изгледаше дека ќе ги однесе трите бода од оваа гостување. Метрополис водеше со максимални седум гола разлика, меѓутоа домаќинот успеја пред крајот на првиото полувреме да го смали резултатот на 10:13.

Одкако Куманово изедначи на 16:16, тимот на Метрополис играше потешко, а кумановчани го искористија тоа да направат недостижна предност и да го постават конечниот резултат 30:23.

Новица Денковски беше најефикасен со 11 гола, а Христијан Димковски и Андреј Миладиновски постигнаа по 5 гола. За Метрополис, Манев Бојан постигна 11 гола.

Куманово сега се наоѓа на деветтата позиција на табелата со четири бода. Следниот натпревар го играат против тимот на Ринија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk