Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марија Златевска и Катерина Димковска, членки на ТК Тумба, освоија две медали на тенискиот турнир за ветеранки, кој по пауза од 13 години го организираше Тениската федерација на Македонија.
Златевска го освои првото место, а Димковска е третопласирана. Одличен настап имаше Драгица Томовска која својот настап го заврши во четвртфиналето.
Турнирот поминал во одлична организација, а мечевите се одиграле на тениските терени на тенискиот клуб „Мондано“ во Скопје.
„Одличната недела на успеси на нашиот тениски клуб ја круниса и нашиот член Алексеј Стојановски кој го освои завршниот мастерс тениски турнир за јуниори до 14 години. Во финалето Алексеј го совлада Марин Стефановски од ТК ИТЦМ од Скопје со 2-0 во сетови 6/3, 6/4. Во името на управата на Тенискиот клуб "Тумба" од Куманово упатуваме искрени честитки до нашите претставници за постигнатите резултати“, соопштија од клубот.

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk