Ракометарите го пречекуваат Младост

15.11.2009 23:00 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово денеска(18:30) ја пречекуваат екипата на Младост 09. Гостите од Богданци во последните десетина години се пласираат меѓу првите четири екипи во најквалитетното првенство, така да се очекува интересен и неизвесен меч.

Ракометарите го пречекуваат Младост

Ракометарите на Куманово денеска(18:30) ја пречекуваат екипата на Младост 09. Гостите од Богданци во последните десетина години се пласираат меѓу првите четири екипи во најквалитетното првенство, така да се очекува интересен и неизвесен меч. По минатонеделната победа во Струга, нашите ракометари се наоѓаат на четвртата позиција на табелата, но имаат шанси есенскиот дел од сезоната да го завршат како второпласирани. Треба да се спомене новото засилување во ракометниот клуб, Стојан Ганчев, кој во своето деби во Струга со 7 погодоци и 9 асистенции беше најдобар играч на натпреварот.

Денеска кошаркарите на Куманово гостуваат во Скопје против Карпош Соколи 2000, а кошаркарките играат утре(17:30) против Билјана 006 од Охрид.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk