Ракометарите гостуваат во Струга

25.03.2016 11:39 | KumanovoNews

После победата над Македонија Ѓорче Петров, ракометарите на Куманово ги очекува уште еден неизвесен натпревар против тимот на Струга.

Ракометарите гостуваат во Струга

Стружани се должник на Куманово одкако успејаа во салата на Економското училиште да извојуваат победа со резултат 27-30. Сепак тоа беше прв натпревар на Куманово во новата сезона во кој не успејаа да се снајдат најубаво.

После првата победа во новата година, Куманово би требало да биде помотивиран и сигурно ќе се обиде да забележи што подобар резултат на оваа гостување.

Струга е седмопласирана со пет победи, исто толку пораза и три нерешени натпревари.

Кумановчани се на десеттата позиција со две победи, еден нерешен резултат и десет порази.

Натпреварот се игра во салата на СОУ Нико Нестор во Струга, со почеток во 15 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk