Ракометарите играат против Гостивар, ракометарките слободни

13.11.2015 12:08 | KumanovoNews

МРК Куманово во рамките на 9.коло од Првата лига и гостува не екипта на Гостивар.

Ракометарите играат против Гостивар, ракометарките слободни

Екипата на Гостивар се наоѓа на последната позиција со осум порази во сите одиграни натпревари. Куманово е десетти на табелата и ова е шанса да го поправи своето место на табелата.

Ракометарите покажуваат дека заслужуваат да бидат на повисока позиција, меѓутоа неискуството и паузата од неколку сезони на ракометната сцена го прават своето.

Натпреварот се игра во недела во 15:00 во салата Младост во Гостивар.

ЖРК Куманово има слободен викенд. Во минатото коло тие ја декласираа екипата на Пелистер на гостински терен со резултат 18:26 и ја зацврстија третата позиција, веднаш зад Вардар и Металург. Следната недела ја пречекуваат екипата на Прилеп.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk