Ракометарите изгубија во своето деби

14.09.2010 11:30 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово забележаа пораз во својот прв настап во македонската Супер лига. Екипата на Пелистер во Битола беше поуспешна со резултат 25:24.

Ракометарите изгубија во своето деби

Натпреварот беше почнат со голем респект кон противникот, па на моменти тоа делуваше како голема пречка во нашата игра. Резултатот на полувреме беше 15:9, а веќе во вториот период нашите ракометари истрчаа по самоуверени со што настана пресврт во играта. Стручниот штаб и клупата на РК Куманово, имаше остри забелешки на судењето последните 15. минути, кои му помогнаа на Пелистер да ја забележи првата Суперлигашка победа.

Најдобар поединец на натпреварот беше новото засилување на Куманово Бобан Андовски со 9 гола и 5 асистенции.

Следниот натпревар Куманово го игра против РК Металург во салата во Автокоманда, со почеток во 18:00.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk