Ракометарите ја совладаа Риниа М

27.09.2019 10:29 | KumanovoNews

Кумановските ракометари на гостински терен ја совлада екипата на Риниа М, во второто коло од натпреварите во Првата ракометна машка лига.

Ракометарите ја совладаа Риниа М

МРК Куманово ја совлада екипата на Риниа М со резултат 25:40.

Иако во првите триесет минути од натпреварот противничката екипа била во водство со 14:10, сепак во второто полувреме со подобрување на napaдот и одбраната кај нашите ракометари головите почнале да се зголемуваат, за на крај да победат со разлика од 15 гола.

Стрелци на натпреварот: Куманово: Миладиновски 10, Стојковски 8, Петрушевски 1, Денковски 6, Клековски 4, Стошиќ 4, Димитров 2, Спасиќ 1, Трајчевски 3, Тасевски 1.

Следниот натпревар, кумановските ракометари ќе го играат во недела во 18:30 часот, на домашен терен во „Спортската сала“ во Куманово, против екипата на Астерион од Струмица.

Во првото коло од Првата лига на Македонија, РК Куманово ја совлада екипата Неготино Вардар со резултат: 23.18.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk