Ракометарите на домашен терен против Зомимак

20.09.2013 16:41 | KumanovoNews

Во недела, со почеток во 13 часот во салата на средното екномско училиште "Перо Наков" ракометарите на Куманово ќе го одиграат првиот натпревар на домашен терен против екипата на Зомимак од Струмица.

Ракометарите на домашен терен против Зомимак

Зомимак е една од најдобрите македонски ракометни екипи, предводена од Раде Стојановиќ и уште многу други искусни и проверени играчи.

Нашата екипа по многу години и напорен труд е составена од домашни играчи кои излегоа од нашето ракометно училиште, што значи дека секој наш натпревар ќе носи прав спиритски адреналин за сите љубители на ракометот, пред се затоа што ќе навиваат за своите домашни играчи-изјавија од клубот.

Во недела на овој натпревар за нашиот клуб ќе дебитира ракометарот Мартин Гигов (20) кој е младински репрезентативец на Македонија и еден од најталентираните играчи заедно со Амер Екиновиќ, кој доаѓа од Босна и Херцеговина и се нашето појачување за тековната сезона на РК Куманово.

Планот за оваа година, да бидеме стабилни суперлигаши и да влеземе помеѓу трите најдобри екипи во Македонија, го ветивме и се надеваме дека ќе го исполниме ветувањето.

Затоа во недела ги повикуваме сите љубители на ракометот да присуствуваат на овој спектакл, а нашите играчи ќе го дадат и последниот атом од својата сила за овој град, затоа што Куманово тоа го заслужува- изјавија од РК Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk