Ракометарите на Куманово нема да играат во Супер Лига

04.06.2014 07:57 | KumanovoNews

Екипата на Куманово следната сезона нема да биде дел од елитното ракометно друштво бидејќи не успејаа да ја финишираат трансформацијата како Акционерско друштво.

Ракометарите на Куманово нема да играат во Супер Лига

Кумановчани не ги исполнија роковите дадени за трансформација и поради тоа се спроведени законски мерки со кои се казнети да бидат дел од највисокото ранг натпреварување.

На состаноткот на Управниот одбор на РФМ бил донесен заклучок дека сеуште не е одигран баражот за влез во СУпер-лигата, и дека РК Куманово ги нема исполнето законските норми за трансформација во Акционерско Друштво, иако за тоа управата не испочитувала неколку рокови. Поради тоа Куманово е исфрлено од Супер-лигата, а местото ќе припадне на РК Работнички.

Од исти причини и тимот на Овче Поле е исфрлен од Супер Лигата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk