Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дерби натпреварот помеѓу РК „Куманово“ и РК „Борец“ се одигра во недела во спортската сала на Куманово заврши со резултат од 25-24. Пред многубројната публика двете екипи приредија одлична игра.
Во 15-та минута од натпреварот резултатот беше 6-6. Низ целото прво полувреме резултатот беше изедначен. Резултатот на првото полувреме беше 10-11 во корист на РК Борец.
На почетокот на вториот дел резултатот брзо беше изедначен. Во 39-та минута резултатот беше 16-16 и се чувствуваше голема тензија во играта на двата тима. Со голем број прекршоци и интервенции на главниот делегат на теренот, резултираа со продолжување на играта. Во вториот дел РК Куманово оствари предност од 3 гола, но брзата игра и неколку промашувања го сведоа резултатот на 1 гол разлика.
Во текот на натпреварот имаше исклучувања од по 2 минути и на двете страни, но никако неможе да се заборави поништениот пенал за РК Куманово и 4. пати несудењето „чекори“ од страна на судиите на РК Борец.
Со овој резултат, со остварена победа, Куманово влегува во Првата супер лига на Македонија.
Дејан Георгиевски
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk