Ракометарите на Куманово против екипата на Металург

04.10.2013 07:44 | KumanovoNews

Во недела со почеток во 13 часот во салата на средното економско училиште "Перо Наков", ракометарите се домаќини на екипата на Металург Јуниори.

Ракометарите на Куманово против екипата на Металург

Овој натпревар е во рамките на 4. коло на првата машка супер лига во која нашите ракометари одат на сигурна победа.

Нашата екипа во изминатите три кола претрпе 3 порази и тоа на идентичен начин. Една беше играта во првото полувреме од натпреварите,а друга во останиот дел. И покрај тоа што екипата е многу подмладена, во управата на клубот веќе е вклучен алармот и се работи на планот за промени во клубот за кои мислиме дека дисциплината, одговорноста и играта ќе бидат искачени на многу повисоко ниво-изјавија од клубот.

Играме исклучиво со домашни играчи, а најголем дел од нив за прв пат се директни учесници во најквалитетната ракометна лига. Противникот секако не е за потценување, но ние искрено се надеваме на победа и дека времето на порази веќе ќе стане минато-додадоа од клубот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk