Ракометарите на Македонија против светскиот првак Шпанија

03.04.2013 08:38 | KumanovoNews

Продолжуваат квалификациите за Европското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Данска.

Ракометарите на Македонија против светскиот првак Шпанија

Македонската машка ракометна репрезентацијата денеска во 17 часот и 45 часот во СЦ „Борис Трајковски’’ ќе игра против актуелниот светски првак Шпанија. Победа за нашиот национален состав ќе значи историски успех, а еден бод ќе биде од големо значење за понатамошниот тек на квалификациите.

Денешниот натрпревар ќе биде прв за Ивица Обрван на клупата на нашиот национален состав, кој на вчерашната прес-конференција фаворитската улога и ја препушти на Шпанија, но воедно додаде дека Македонија има сили за изненадување.

Во моментов во нашата квалификациска група Шпанија со 4 бодови е лидер, Македонија е втора со 2, исто толку има и Португалија, додека на последното место е Швајцарија која е без бодови.

Вториот натпревар од групата 1 меѓу Швајцарија и Португалија ќе се игра утре.

На табела во оваа група води Шпанија со 4 бодови, пред Македонија и Португалија кои имаат по 2, а последна е Швајцарија без освоен бод.

Во останатите шест групи двојките се:

Група 2: Црна Гора – Израел (среда) и Чешка – Германија (четврток). Табела: Црна Гора 4, Чешка 2,  Германија 2 и Израел 0.

Група 3: Турција – Литванија и Норвешка – Франција (среда). Табела: Норвешка 4, Франција 4, Литванија 0 и Турција 0.

Група 4: Летонија – Словачка и Унгарија – Хрватска (четврток). Табела: Унгарија 4, Хрватска 4, Словачка 0 и Летонија 0.

Група 5: Украина – Холандија 28:24 (одиграно вчера) и Шведска – Полска (четврток). Табела: Полска 4, Шведска 4, Украина 2 и Холандија 0.

Група 6: Романија – Белорусија и Словенија – Исланд (четврток). Табела: Исланд 4, Словенија 3, Белорусија 1 и Романија 0.

Група 7: Австрија – Србија (среда) и БиХ – Русија (четврток). Табела: Србија 4, Русија 2, Австрија 2 и БиХ 0.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk