Ракометарите на Металург до лесна победа против Борац

02.10.2013 07:29 | KumanovoNews

Ракометарите на македонскиот вицешампион Металург, на гостувањето во Бања Лука го совладаа противникот со 26:22 (13:13).

Ракометарите на Металург до лесна победа против Борац

Ова беше дуел од 4. коло во регионалната Сеха Лига од натпреварувањата во која ракометарите на тренерот Лино Червар изграа со изменет состав за разлика од дуелот против ПСЖ.

Најефикасни во македонскиот тим беа Дејан Пецаковски со 9 голови и Дејан Манасков и Никола Кеџо со по 6 погодоци.

Во противничката екипа, Срѓан Тривунџа постигна 6 погодоци.

Денеска во рамките на 4. коло вториот македонски претставник во Сеха лигата, екипата на Вардар е домаќин на Татран Прешов.

Табела:

-Загреб КО (9 бодови)

-Вардар (7 бодови)

-Металург (7 бодови)

-Татран Прешов (6 бодови)

-Нексе (6 бодови)

-Војводина (6 бодови)

-Мешков Брест (3 бодови)

-Ловќен (3 бодови)

-Партизан (3 бодови)

-Борац (о бодови).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk