Ракометарите на Металург останаа без Фајнал-Фор

10.03.2014 07:09 | KumanovoNews

По вчерашниот пораз од екипата на Брест Мешков со резултат 25-26 во 16. коло од Сеха Лигата, ракометарите на Металург нема да бидат дел од завршниот турнир.

Ракометарите на Металург останаа без Фајнал-Фор

Ракометарите на Брест Мешков уште на самиот почеток го диктираа ритамот и резултатот кој одеше во нивна полза и на пауза заминаа со 12-14.

Металург втората половина од натпреварот ја започна порешително и стигна дури до израмнување, но последниот напад го имаше гостинската екипа која успеја да постигне гол и со победа си замина дома.

Најефикасен во македонскиот тим беше Вуко Борозан со 6 голови, Циндриќ и Ојлески постигна по 4 голови, а Миркуловски три пати ја затресе противничката мрежа.

Кај гостите од Брест Давид Шпилер постигна пет, а Димитри Николенкау четири погодоци.

Со оваа победа екипата на Мешков Брест се зацврсти на третата позиција и си го обезбеди пласманот во фајнал - фор турнирот во Нови Сад, каде пласман веќе имаат обезбедено првопласираниот Татран Прешов кој вечерва ја забележа 14 -тата победа сезонава над екипата на Борац (29-27), екипата на Загреб која е второпласирана, и македонскиот шампион Вардар кој е на четвртата позиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk