Ракометарите на Металург против Брест Мешков

18.02.2014 10:11 | KumanovoNews

Ракометарите на Металург денеска на гостински терен ќе го одиграат натпреварот од 7. коло во Сеха Лигата против екипата на Брест Мешков.

Ракометарите на Металург против Брест Мешков

Македонскиот вицепрвак веќе неколку денови се наоѓа на гостинскиот терен во Белорусија, откако во сабота го одиграа натпреварот од ЛШ против Динамо Минск каде остварија еден бод (23-23).

На табелата во Сеха Лигата на прво место е екипата на Загреб со 34 поени, Татран Мешков со 33 поени, ракометарите на Вардар и Металург од одиграни 12 натпревари имаат освоено 25 поени, додека на петото место е екипата на Брест Мешков со 24 поени.

Натпреварот помеѓу екипите на Металург и Брест Мешков започнува во 18 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk