Ракометарите на Вардар и Металург во ТОП 16

10.02.2014 07:53 | KumanovoNews

Македонските ракометен претставник во ЛШ вчера на домашен терен пред своја публика го совлада Динамо Минск со резултат 30-22.

Ракометарите на Вардар и Металург во ТОП 16

По оваа победа за ракометарите на Вардар со повеќе од два гора разлика значеше и историски успех за македонскиот ракомет бидејќи сега имаме двајца претставници кои се пласираа меѓу 16те најдобри екипи во Лигата на Шампионите.

Исто така и ракометарите на Металург обдезбедија пласман во оваа фаза.

Најефикасни во победничкиот состав беа Тимур Дибиров со 8 и Игор Карачиќ со 7 голови, а голманите Инаке Малубрес и Страхиња Милиќ имаа по 8 одбрани.

Со овој дуел заврши 8.коло во Ц групата од елитното натпреварување. Резултати на другите две средби: Тун – Барселона 23:39 и ПСЖ - Металург 32:29.

Табела: Барселона 15 бодови, ПСЖ 11, Металург 9, Вардар 8, Динамо Минск 4, Тун 1.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk