Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Ракометниот клуб Куманово и официјално е потврдено учеството во најквалитетната Супер лига. Како најдобро рангирана екипа во Првата македонска ракометна лига, тие го заземаат местото на МРК Вардар кој се одкажа од најквалитетното натпреварување.
Својот прв натпревар нашите ракометари го играат веќе во недела, во Битола против тимот на Пелистер. Прв настап на домашен терен го имаат во третото коло против екипата на Прилеп.
Овој состав на РК Куманово, е сменет во споредба со оној што настапуваше минатата сезона. Доведени се 7 нови засилувања со кои е зголемен квалитетот во нашиот состав. Сепак од клубот несакаат да бидат преамбициозни и да ветуваат голем успех, но истакнуваат дека ќе го даваат својот максимум, а резултатите ќе си дојдат сами.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk