Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера ракометарите на Куманово, издвојуваа победа над РК Борец од Велес.
Со цврста и стабилна игра во текот на целиот натпревар, на кумановчани не им беше проблем да поведат на полувреме 21:14, за конечниот резултат да биде 43:30. Единственото водство на гостите беше во првите минути од натпреварот кога поведоа со минимални 0:1.
Најефикасни поединци на натпреварот беа Јанчиќ со 6 и Андовски со 5 гола, а своја вечер имаше и голманот Арсовски со 10 одбрани. Кај гостите најдобар беше Белески со 10 гола.
Во останатите средби, Металург беше подобар од Пелистер 33:25, Вардар Про - Тинекс Пролет 30:16, Прилеп 2010 - ВВ Тиквеш 23:31.
Лидер на табелата е Металург со 21 бод, Вардар Про 18, ВВ Тиквеш 12(натпревар помалку) Пелистер 9(два натпревари помалку), Куманово 9, Борец 6, Тинекс Пролет 3 а Прилеп 2010 е без бодови.
Наредниот натпревар се игра во Спортската сала во Куманово на 6. Ноември против екипата на Пелистер од Битола.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk