Ракометарите победија против Ѓорче Петров

21.03.2016 15:36 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово забележаа победа против тимот на Македонија Ѓорче Петров со резутлат 26-25.

Ракометарите победија против Ѓорче Петров

Кумановчани губеа со три гола на почетокот од мечот, меѓутоа со фуриозна игра успејаа да стигнат и да заминат со гол предност на полувреме. Во вториот дел од натпреварот кумановските ракометари имаа предност од максимални четири гола. Натпреварот влезе во неизвесна завршница и по што голманот Дарко Георгиевски го одбрани последниот напад кој донесе битна победа на кумановчани.

Кузмановски постигна 10, а Димковски го заврши натпреварот со 8 гола. Кај гостите Димовски постигна 9 гола.

Со оваа победа, Куманово се одлепи од дното на табелата и сега ја завзема десеттата позиција. Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на Струга.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk