Ракометарите подобри од Тиквеш

24.04.2016 15:51 | KumanovoNews

Машкиот ракометен клуб Куманово денеска во Спотската сала успеја да извојува победа против екипата на Тиквеш 2014 со резултат 24:23.

Ракометарите подобри од Тиквеш

Куманово лошто го започна натпреварот и губеше со 1-3, меѓутоа успеја да се врати во натпреварот. Најкритичен момент беше во средината на првото полувреме кога два ракоемтара на Куманово добија исклучување поради приговор кон судииите. Одкако кумановчани го преживејаа тие две минути, подоцна следуваше добра игра и на полувреме заминаа со резултат 13-9.

Гостите од Кавадарци повторно имаа подобар старт и го изедначија резултатот на 15:15 а промената на голманската позиција на Куманово вроди со плод. Сличната игра продолжи во останатиот дел од мечот кога резултатот беше 20:20. Натпреварот беше неизвесен до последната секунда, Куманово имаше предност од 24-21 меѓутоа Тиквеш полека ја топеше разликата а кумановчани влегуваа од грешка во грешка што можеше да ги чини победа. Сепак тие успејаа да го одбранат последниот напад и конечен резултат на натпреварот беше 24:23.

Андреј Миладиновски постигна 10 гола во тимот на Куманово, додека Христијан Димковски и Марко Спасиќ постигнаа по 4 гола. За тимот на Тиквеш, Ѓоке Велков постигна 10 гола.

Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на Младост на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk