Ракометарите ремизираа со Младост

28.11.2016 11:10 | KumanovoNews

МРК Куманово вчера во Спортската сала одиграа нерешен натпревар со екипата на Младост кој заврши со резултат 19:19.

Ракометарите ремизираа со Младост

Куманово ја имаше иницијативата на мечот и во поголем дел од натпреварот и минимална резултатска предност. Натпреварот на полувреме заврши со резултат 10:10, а натпреварот продолжи во ист ритам и после паузата.

Конечен резултат на мечот беше 19:19.

Влатко Тасевски и Мартин Ангеловски постигнаа 5 гола во тимот на Куманово. За Младост М.Стоилов постигна 7 гола.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk