Ракометарите убедливо подобри од Пелистер и подготвени за европски натпреварувања

05.05.2012 22:08 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово издвојуваа победа на домашен терен против екипата на Пелистер, Домаќините беа убедливо подобри и победија со резултат 32:28.

Ракометарите убедливо подобри од Пелистер и подготвени за европски натпреварувања

На стартот од натпреварот домаќините не го дадоа својот максимум и дозволија екипата на Пелистер да направи резултат од  4 гола разлика. Сепак победи подобриот. Од втората четвртина на натпреварот нашите ракометари се докажа на теренот, дојдоа до изедначување на резултатот и до крајот на играта убедливо водеа.

Резултатот на полувремето беше 17:13.

Поради големата разлика која нашите ракометари ја имаа, крајот на натпреварот го доигра вториот состав на екипата.

Со оваа победа ракометарите на Куманово го зацементираа 3-тото место од плеј-оф натпреварите, а тоа значи и директен излез на европски терен.

Следниот натпревар го играат на гостински терен против екипата на Вардар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk