Ракометарите успешни против Овче Поле, следен противник Младост

23.03.2010 18:31 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово ја совладаа екипата на Овче Поле. Со цврста и убедлива игра со водство во целиот тек на натпреварот, ракометарите издвојуваа победа со резултат 31 - 27.

Ракометарите успешни против Овче Поле, следен противник Младост

Резултатот на полувреме беше 16 - 10, а мал пад во играта беше приметен при крајот на натпреварот, но по исклучување на два играчи од Овче Поле, предноста беше вратена.

Најефикасни поединци на натпреварот беа Иван Арсовски со 5 гола и 7 асистенции, а забележителен натпревар имаше и голманот Синиша Арсовски со 20 одбрани. Утре (среда), Кумановци во Спортската сала  во18:30 часот ја пречекуваат екипата на Младост од Ресен.

Д.И.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk