Ракометарите утре играат против Радовиш

18.04.2014 15:20 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово утре во 14:30 го играат вториот натпревар од Плеј-аут лигата против екипата на Радовиш.

Ракометарите утре играат против Радовиш

Во регуларниот дел од сезоната тимот на Куманово загуби од Радовиш, а поради суспензија утре нема да настапи еден од најдобрите играчи на Куманово Љубиша Димковски.

Не очекува тежок натпревар и силен противник. Ќе го дадеме својот максимум во обидот да оствариме што подобар резултат - изјави тренерот на екипата Миодраг Јовановски - Црни.

Натпреварот се игра во Спротската сала во Куманово со почеток во 14:30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk