Ракометарите во четврток го играат последниот натпревар на домашен терен

14.05.2014 08:27 | KumanovoNews

Во четврток со почеток во 17 часот, во Спортската сала во Куманово, ракометарите го играат последниот меч оваа сезона на домашен терен, против екипата на Текстилец Штип.

Ракометарите во четврток го играат последниот натпревар на домашен терен

Ова е битен меч за кумановчани, бидејки една од овие две екпии ќе обезбеди опстанок во најквалитетното ракометно првенство, а другата настапот во Супер лига за следната сезона ќе мора да го бара преку бараж со екипите од втора лига. Нашите ракометари во Плеј-аут дел од првенството забележаа победа против тимот од Штип со резултат 27:20, па не би требало утре тимот на Куманово да има поголем пробем со противникот, бидејки разликата во квалитет е евидентна.

Очекуваме добар натпревар против тимот на Текстилец и победа која ни дава шанси за опстанок во Супер-лига. Доколку забележиме победа, и првенството биде регуларно до крајот, Куманово би тербало да биде тимот што ќе обезбеди директно учество следната година во Супер-лига. Изминатите кола, видовме натпревар каде аутсајдер во последните десет минути прави серија 11-0 за победа, што е во најмала рака сомнителен исход, и заврши на директна штета на нашиот тим - изјави тренерот на РК Куманово, Драги Јовановски Црни.

Натпреварот се игра во четврток со почеток во 17 часот во Спортската сала во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk