Ракометарките го декласираа Металург

22.10.2018 10:05 | KumanovoNews

Женскиот ракометен клуб Куманово одигра одличен натпревар изминатиот викенд и забележа победа во Автокоманда, победувајки го тимот на Металург со резултат 18-30.

Ракометарките го декласираа Металург

По изненадувачкиот пораз од Стружанка, Куманово е во одлична серија, најпрвин победувајки го Овче Поле со 29 гола разлика, а подоцна и лидерот на табелата Металург со 12 гола предност. Куманово имаше предност во текот на целиот натпревар, а на паузата на полувреме резултатот беше 9-13.

После големата пауза, гостите уште пофуриозно продолжија, и целосно го декласираа тимот на Металург.

Александра Боризовска беше лидер на теренот со 8 постигнати гола, а Јована Кипријановска постигна 7 гола.

Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на Деспина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk